DigitSoft® POS



ШТО Е DigitSoft® POS

Системот овозможува работа со Фискални принтери и каси преку компјутер. Односно, наместо да се користат фискални каси (и многу тешко внесување на артикли, состојба и промена на цена и назив), сега сите активности се извршуваат преку програмата, што е повеќекратна заштеда на време.
Операторите преку програмата можат да "затворат сметки" со еден или повеќе видови исплати (Готовина, Картичка, Внатрешна картичка ...).
Системскиот администратор (сопственик, директор ...) може да добие e-mail (генериран од програмата) на крајот од работниот ден со износот на дневниот промет од сите продажни места.


ПРОДАВАЊЕ НА ПРАВНИ ЛИЦA

Операторот исто така може да креира сметки за правни лица (фактури) кои фискално се затвораат вирмански. Создадената сметка (фактура) автоматски влегува (ако сакате) во Трговската книга, а исто така го задолжува клиентот за износот на сметката (го зголемува долгот). Во случај да поседувате лиценца за финансиско сметководство (Главна книга и Благајна), оваа операција автоматски ја евидентира во Главната книга. Исто така може да се внесе и уплатата на клиентот.


МОЖНОСТИТЕ НА МАТЕРИЈАЛНОТО СМЕТКОВОДСТВО

Брзо креирање на лагер (збирн или по продажни единици), промет по артикли, материјална картикча за артикал, промет по добавувачи, најпродавани артикли, продажба од продавачи, месечни извештаи за продажба, периодични извештаи за продажба по група производи... Укрстувањето на извештаите е исто така возможно.


ПРЕСМЕТКА НА ДОБИВКА (BACK OFFICE)

Во деловната анализа, ние посветуваме посебно внимание не на приход туку на профит. Сите извештаи (по бренд, добавувач, комерцијалист, работник, возач, возило, група на стоки, кодови на стоки ...) прегледи за период или месечно, квартално, годишно... се пресметуваат од аспект на разликата во цената, а не само со гледна точка на приход (со или без ДДВ)


ВРСКА СО СМЕТКОВОДСТВО

Сите DigitSoft® програми работат на принципот на поврзување со Финансиските претпријатија. Така, преку креирање на сметка односно преку дневниот промет од една страна, и изработка на влезни документ од друга страна, може целосно да се автоматизира водењето на Главната книга во Вашето сметководството, како и Книгата за Влезни и Излезни Сметки (ЕТ). Вашето сметководство може по пат на интернет да биде директно поврзани со Вашите податоци.


ДЕКЛАРАЦИИ, КОМЕРЦИЈА И СИГУРНОСНИ КОПИИ НА БАЗА

Програмата може да генерира Ваши декларации/етикети, па со користење на Баркод читач продажбата значително се забрзува. Преку PDA и слични уреди, комерцијалистите може да направат on-line нарачка на стоки од локацијата на клиентот. Системот е конфигуриран автоматски да креира резервна копија на база на податоци во интервали што ги одредувате: дневно, неделно ...


РАБОТА ВО МРЕЖА

Режимот на мрежа е целосно поддржан и се препорачува за маркети со повеќе наплатни и сервисни точки. Нема ограничувања за бројот на компјутери, таблети, фискални и POS печатари.


ФУНКЦИОНАЛНОСТИ

POS BASIC
  • Работа преку компјутер со фискални принтери, фискални каси, баркод читачи, термални принтери итн.
  • Едноставна промена на цена при продажба по ставка
  • Печатење при продажба по тип на наплата (Фискална, Картичка, Готовина, Интерно)
  • Влез и излез на пари во касата
  • Печатење на контролен и дневен финансиски извештај
  • Автоматски при затворање на ден по пат на E-mail на сопственикот се испраќа детален дневен финансиски извештај по сметики (доколку користите интернет)
  • Лесен внес на нов артикл / измена на постоечки
  • Печатење на налепници / етикети со цени и опис за артикли
  • Кеирање на вкрстени извештаи за промет по корисници, артикли, група на артикли и тип на наплата
  • Различни права на Администратор и Корисник (продавач)
  • Подесување време на фискален уред
  • Поддржани апарати: SY250, SY55, PF550, PF700, FX1200, FX1300, PERFECT S, EXPERT SX, ДАВИД М, Северец, Вардарец, Развигорец)
  • Системско побарување: Windows XP и нагоре
  • Можност да ги зачувате сите извештаи во добро познатите формати: PDF, Excel, Word
  • Целосна синхронизација (целосна On-Line работа со централната база на податоци)


  • POS STANDARD
  • Ги содржи сите функционалности на POS BASIC
  • Излезни документи (Фактура, Испратница, Про-фактура/Понуда, Одобрение)
  • Влезни документи (ПЛТ - Приемн лист во трговија на мало, Повратница, Попис)
  • Автоматски генерира извештај за менување на цена по ставка при продажба од малопродажба
  • Менување на малопродажна цена на артикл за преостаната залиха (извештај за менување на цени)
  • Внес на комитенти
  • Генерирање на извештаи за анализа на продажба (пописна листа, материјална картица, разлика во цени, предлог нарачки, ...)
  • Автоматско водење на КДФИ и ЕТ книга
  • Креирање на сервисен налг за работа со услужни дејности (компјутерски сервис, мобилара, автосервис, итн...)


  • POS PRO
  • Ги содржи сите функционалности на POS STNDARD
  • Печатење на сите излезни документи со вашиот логотип
  • Автоматско креирање на фактура од претходно креирани испратници/про-фактури/понуди
  • Автоматско задолжување на комитент при влез/излез на документ во финансиска картичка
  • Книжење на банкарски изводи при одлив/прилив на средства
  • Извештај за доспеани влезни/излезни документи
  • Генерирање на финансиска картичка за влезни, излезни и влезно-излезни документи, групно или по комитент


  • Допонителни модули
  • Рачни исправки во КДФИ и ЕТ книга
  • Автоматски импорт и книжење на банкарски изводи


  • Контактирај не

    Ние во Дигит нудиме исклучителна услуга, исто таква каква што и самите би сакале да искусиме.

    Адреса

    Ген.М.Апостолски бр.24, Штип 2000 МК

    Телефони

    +389 32 388 355

    +389 78 853 013

    Е-маил

    info@digit.mk

    Вашата порака е испратена. Ви благодариме.
    Вашата порака не е испратена.